Селекторот на нашата одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски и следната сезона ќе биде тренер на грчки ПАОК. Македонскиот одбојкарски стратег реши да остане во грчкиот клуб и да продолжи со работа во екипата со која што го освои Купот и играше финалето на првенството.
“Имав неколку понуди, размислив и одлучив да продолжам со Паок. Навивачите одлично ме прифатија, имам одлична соработка со сите во клубот, блиску сум до дома, а тоа се фактори коишто беа доволни за да го продолжам ангажманот во Грција”, вели предводникот на македонската репрезентација којшто денеска ќе стави потпис на новиот едногодишен договор со ПАОК.