Томислав Јотовски и Антони Генов, не обезбедија пласман во финалето во двојки на ИТФ тенискиот фјучерс во Скопје.
Македонско-бугарската комбинација загуби од третите носители, Симон Фреунд и Јоханес Ингилдсен, во два сета со 6-3 и 6-4.
Тенисерите од Шведска и Данска сега ќе играат со првите носители, Филип Бергеви и Моз Ехаргуи.