Македонскиот атлетичар Јован Стојоски како единствен македонски натпреварувач денеска го имаше својот настап на Светското првенство во атлетика во сала кое се одржува во полскиот град Торун.
Стојоски се појави на трките од квалификациите на 400 метри и настапи во групата 6 заедно со многу силни натпреварувачи и истрча време 47.93 секунди што беше негово најдобро време оваа сезона. Овој резултат беше доволен на крајот д азаврши како 24-ти на ова СП во сала.
По неговиот настап ексклузивно ги сподели своите импресии од трката низ разговорот во нашата програма:
„Морам д акажам дека сум задоволен одрезултатот со оглед на тоа што изминатиот период сум ориентиран за настап во трките на 400 метри со пречки што е многу различно, но сепак се одлучив на ова големо натпреварување да трчам на оваа патека од 400 метри. Бев во силна група со еден американец и атлетичари од Аргентина, Венецуела и Бразил кои с енајдобри во своите земји. Секако дека морам да бидам задоволем пред се поради тоа што и на ова натпреварување го истрчава најдоброто од мене, односно најдобар сезонски резултат, то аго правам на сите големи натпреварувања каде што ја преставувам Македонија, дали е тоа Олимпијада, Европско или СП. Сега малку ќе се посветам на моите приватни планови затоа што во следниот месец ме очекува влегување во брачните води“ изјави Јован Стојоски во изјава за Спортско радио 90,3 ФМ.

