Германскиот фудбалски клуб Херта (Берлин), објави, дека потпишал договор со Стеван Јоветиќ. 31-годишниот Црногорец кој треба да остане во клубот до 2023 година, има опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Поранешниот играч на Партизан, Фиорентина, Манчестер Сити, Интер и Севилја, во текот на летово како слободен играч го напушти тимот на Монако.
Напаѓачот во сезоната 2020/21 на одиграни 33 натпревари за французите во сите конкуренции, постигна 7 голови и направи 1 асистенција.