Tренерот на фудбалерите на Шахтјор, Игор Јовичевиќ, откри што му кажал Карло Анчелоти по вчерашното реми со Реал Мадрид во 4 коло во Лигата на шампионите.
Украинците примија гол во судиското надополнување и ја пропуштија шансата да го потврдат пласманот во наредната фаза во елитата на Европа.
„Карло е пример за сите. По крајот на мечот, ми порача дека сме заслужиле да победиме. Тој е еден од најдобрите, вистински извор на инспирација за мене“ – вели тренерот на украинците.