Ракометниот состав Еурофарм Пелистер ја прекина соработката со Александар Јовиќ и Звонко Шундовски.
Според објава на клупската фан-страница на Фејсбук, Шундовски самиот се повлекол од функцијата тим-менаџер на која беше назначен во месец март додека Јовиќ е разрешен од позицијата прв тренер.
Во наредните натпревари екипата времено ќе ја води Бранко Ангеловски кој ја има улогата и на спортски директор. Македонскиот состав утре ќе го пречека Кјелце, во шестото коло од ЛШ.