Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ги чека реваншот од четвртфиналето против Татран Прешов во рамките на СЕХА лигата.
По триумфот со осум разлика во Битола (37:29), тренерот, Александар Јовиќ, најави ќе им даде шанса на повеќе ракометари кои не добиваа голема минутажа.
„Нè очекува тежок натпревар. Одлучивме да одмориме 3-4 наши ракометари, кои имаа многу настапи во нашето првенство и во СЕХА лигата. Сега ќе им дадеме поголема шанса на помладите играчи“ – вели Јовиќ.

