Фудбалерот, Александер Лаказет, кој ја реализира последната сезона во Арсенал, најверојатно во јануари ќе биде ставен на трансфер пазарот.
Затоа на „Емирати“ бараат негов наследник а во преден план се наметнува играчот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој има трансферна цена од 20 милиони евра.
Во исто време медиумите наведуваат дека тренерот, Микел Артета, ги планира и Доминик Калверт-Левин од Евертон , Оли Воткинс од Астон Вила и Душан Влаховиќ од Фиорентина.