Составот на Еурофарм Пелистер во првата фаза во Лигата на шампионите ќе игра против Кјелце, Пари Сен Жермен, Кил, Алборг, Пик Сегед, ППД Загреб и норвешки Колштад.
Тренерот Александар Јовиќ вели дека претстои сезона во која треба гордо и достоинствено да се претстави клубот, Битола и Македонија.
„Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет, скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме“ – порача тренерот Јовиќ.