Германскиот репрезентативец Јулијан Брант веќе е фудбалер на Борусија (Дортмунд), откриваат „Билд“ и „Кикер“.
23-годишниот играч донел одлука да ја продолжи кариерата на „Сигнал Идуна Парк”, иако имаше понуди од многу клубови надвор од Бундеслигата.
Брант ќе потпише договор до 2021 година, а Баер (Леверкузен) ќе добие 25 милиони евра, колку што е откупната клаузула во договорот со „фармацевтите“. Во наредните денови, офанзивниот играч од средниот ред ќе ги помине медицинските прегледи и трансферот ќе биде официјално објавен.
Се веруваше дека Брант е подготвен да остане во Баер доколку тимот се пласира во Лигата на шампионите. Баер Леверкузен го направи тоа, заврши 4-ти во Бундеслигата и ќе играат во најпрестижното натпреваривање, но Брант сепак одлучи да замине во Дортмунд. Вчера екипата на Борусија Дортмунд го најави првото засилување со друг репрезентативец – Нико Шулц од Херта (Берлин).

