Раководството на Манчестер Јунајтед има намера да ги намали платите на фудбалерите доколку не се пласираат во Лигата на шампионите за следната сезона, објави весникот „Сан“.
Според изданието, платите на Давид Де Геа, Пол Погба и друштвото ќе бидат скратени за 25%. Не е исклучено при пропуштање на турнирот на богатите, францускиот репрезентативец да биде продаден на Реал Мадрид, кој не го крие интересот кон него.
Оваа мерка сигурно ќе предизвика бран од незадоволство во соблекувалната на „црвените ѓаволи” и не е јасно дали воопшто во договорите на фудбалерите има клаузули за намалување на платите доколку екипата не се пласира во Лигата на шампионите.
Во моментов Манчестер Јунајтед води битка со Арсенал, Тотенхем и Челзи за пласма во Топ 4, сите четирите тима ги делат вкупно 5 поени, но „сините” од Лондон се со натпревар повеќе, а Мначестер Ј е на 6-то место со 5 бода помалку од Челзи кој е на 3-то место.