Фудбалерот на Нотингем Форест, Елиот Андерсон, влегува во радарот на Манчестер Јунајтед, велат денешните информации од Англија.
Тој има договор до 2029 година, но, веројатно ќе биде продаден во текот на летото. „Црвените ѓаволи“ се во преден план иако не се исклучува можност и Сити и Њукасл да испратат понуда за неговиот потпис.
Медиумите најавија дека тимот од „Олд Трафорд„ сака да обезбеди најмалку две засилувања во средниот ред.

