Доколку Давид де Геа се определи да го напушти тимот на Манчестер Јунајтед, челниците од „Олд Трафорд“ имаат план кој ќе го замени. Шпанецот кој има договор за уште една сезона упорно одбива да го продолжи иако доби нова финансиска понуда од 350,000 фунти неделно.
Последните информации велат дека „црвените ѓаволи“ контактирале со францускиот Лил за да го ангажираат голамнот, Мајк Менјaн, кој има трансферна околу 35 милиони евра.
Играчот кој има само 23 години во последната сезона во Франација бранеше на 42 меча а на 17-ет од нив не прими гол. Тој неодамна доби повик и да настапи за неговата репрезентација.

