Првите луѓе на Манчестер Јунајтед во последниот ден од преодниот рок успеаја да го земат Марсел Сабицер од Баерн Минхен како замена за Кристијан Ериксен кој ќе мора да паузира подолг период.
Според медиумите во Англија, „црвените ѓаволи“ првично сакале да дојдат до услугите на поранешниот играч на Реал Мадрид Иско или Вард од Лион но, не успеале во намерата.
„Скај Спортс“ додава дека тренерот Тен Хаг сакал да купи уште еден играч на Баварците, Рајан Гравенберг, кој минатото лето се пресели на „Алијанц Арена“.