Манчестер Јунајтед во наредното лето ќе конкурира за потписот на фудбалскиот дефанзивец на Баерн Минхeн, Алфонсо Дејвис, доколку Канаѓанецот не ја продолжи соработката со тимот од Германија, велат последните најави од Англија.
Брзоногиот бек има тековна соработка до јуни во 2025 година што значи дека од јануари ќе може да преговара со други екипи доколку претходно ме потпише нов договор со Баварците.
23-годишниот играч кој во 2018 година се пресели во Минхен, во сезонава се појави на 5 натпревари во Бундес-лигата.

