Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед покажува дека е заинтересиран за голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, објави – „Тутоспорт“.
„Црвените ѓаволи“ долго време го следат талентираниот чувар на мрежата на „росонерите“, кој може да биде ангажиран како замена за Де Геа кој и понатаму тактизира и не сака да ја продолжи соработката. Шпанецот има договор за уште една година, но, мала е веројатноста да остане на „Олд Трафорд“ бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Реал Мадрид и Париз Сен Жермен.
Според најавите од Италија, Милан за потписот на Донарума бара од 55 до 60 милиони евра, сума што не би требало да претставува проблем за англичаните.
