Првите луѓе на Манчестер Јунајтед ја зголемиле понудата за фудбалерот на Кристал Палас, Арон Ван-Бисака.
Откако првата понуда од 45 милиони евра била одбиена од челниците на Кристал Палас, сега тимот од „Олд Трафорд“ испратил нова понуда од 67 милиони евра. Ван –Бисака може да биде големо засилување за „црвените-ѓаволи“ кои на десната бековска позиција го имаат само Диего Дало.
Ван-Бисака кој настапува за младата репрезентација на Англија во изминатата сезона се појави на 39 мечеви за Кристал Палас.