Манчестер Јунајтед продолжува внимателно да го следи напредокот на напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.
22-годишниот фудбалски талент одамна го привлече вниманието на „црвените ѓаволи“кои планираат да испратат скаути да ги следат неговите настапи со тимот на Канада на претстојниот Мундијал. Д
ејвид од почетокот на тековната сезона игра во одлична форма, има 9 гола и 1 асистенција на 14 натпревари во Лига 1. Фудбалерот има договор со Лил уште три години. Неговата трансферна вредност е меѓу 40-50 милиони евра.