Тренерот на фудбалерите на Рома, Иван Јуриќ, вели дека треба да се заборави поразот на теренот на Елфсборг и сите мисли да се насочат кон викенд мечот што доаѓа. Пред тоа, „волците“ имаа две победи и едно реми но, синоќа загубија во Шведска.
„Видов многу позитивни работи во нашиот настап. Игравме добро и имавме шанси. Треба да бидеме прецизни во нападот“ – вели Јуриќ.
Рома в недела во рамките на Серија „А“ ја чека гостување на теренот на Монца.

