Фудбалерот од САД, Вестон Меккени веројатно ќе го напушти составот на Јувентус во текот на зимскиот трансфер период, најавуваат медиумите во Италија.
Бидејќи Пол Погба ја санира полека повредата а Николо Фаџоли и Фабио Мирети играат континуирано добро, луѓето од Торино сакаат да се ослободат од Меккени.
Црномурестиот играч кој беше купен од Шалке во 2021 година во тековнава сезона има 11 мечеви во Серија „А“ со ефект од 1 гол и една асистенција.