Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јуве ги стопираше преговорите за нов договор со Дибала
    Фудбал

    Јуве ги стопираше преговорите за нов договор со Дибала

    risteBy riste31/10/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Јувентус планира да ги прекине преговорите за нов договор со напаѓачот Пауло Дибала. Актуелниот договор на Аргентинецот истекува во 2022 година и се очекуваше тој повторно да потпише.

    Неговиот агент дури пристигна во Торино пред еден месец, но никогаш не беше во можност да се сретне со директорот Фабио Паратичи, бидејќи тој беше во изолација поради случаи на инфицирани со КОВИД-19 играчи во тимот. Сега агентот планира да замине за својата татковина, а преговори евентуално ќе бидат одложени во подоцнежна фаза.

    Раководството на Јуве почна сериозно да се двоуми дали да му понудат нов договор на Дибала. Напаѓачот сака двојно повеќе пари отколку што моментално добива, надевајќи се дека неговата плата ќе биде 7 милиони евра годишно. Во исто време, неговата форма повторно падна и тој дури седна на клупата на неколку натпревари од почетокот на сезоната.

    Друг проблем со евентуалното повторно потпишување е што Јувентус не може да си дозволи да ги исполни финансиските барања на Дибала, бидејќи клубот поминува низ финансиски потешкотии поради намалените приходи заради пандемијата со коронавирусот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.