Екипите на Вилјареал и Јувентус денеска ќе го одиграат во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на фудбалските шампиони. Јувентус беше прв во групата забележувајќи 5 победи и 1 пораз. „ Жолтата подморница“заврши на 2-то место во групата со само еден бод помалку од Манчестер Јунајтед.
Шпанците имаат солиден состав и стекнаа искуство и самодоверба по освојувањето на Лигата на Европа во претходната сезона. Вилјареал игра успешно против италијанските ривали особено во елиминациските пресметки. Жолтата подморница загуби само еднаш од тим од Серија А а има шест победи. Јувентус има позитивен биланс против шпанските претставници во Европа.
Веројатни состави: Вилјареал: Асенхо, Орие, Албиол, Торес, Педраза, Тригерос, Гомез, Парехо, Чукуезе, Диа, Данџума. Јувентус: Шчесни, Квадрадо, Данило, Де Лихт, Сандро, Локатели, Закарија, Артур, Бернардески, Влаховиќ, Мората. Судија: Даниел Зиберт (Германија)