Доцна синоќа, Јувентус официјално го објави потписот со холандскиот фудбалски репрезентативец, Теун Копмајнерс. Фудбалерот кој беше мета на Јуве со месеци, конечно го облече „црно-белиот“ дрес на прославениот торински клуб.
„Јувентус објавува дека постигна договор со Аталанта за дефинитивно стекнување на правата на фудбалерот Теун Копмајнерс за сума од 51,3 милиони евра, што ќе се исплати во четири финансиски години. Предвидени се бонуси во износ не поголем од 6 милиони евра при постигнување на одредени спортски цели“, се вели во потврдата на трансферот која стигна од Јувентус.
Холанѓанецот потпиша договор на пет сезони и ќе добива плата од 4,5 милиони евра нето годишно.

