Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала повторно ќе ја одбие можноста да го напушти клубот во текот на летото како што се случи во 2019 година, пишува денеска – „Газета Дело Спорт“.
Тогаш „старата дама“ постигна договор со Манчестер Јунајтед за размена на Аргентинецот и Ромелу Лукаку, но, фудбалерот на Јуве не се согласи по што Белгиецот се пресели во Интер. Денеска медиумот пишува дека Дибала не сака да го обнови договорот кој му истекува во во 2022 година додека не добие подобра финансиска понуда.
Се шпекулира дека за неговите услуги се заинтересирани Челзи и Арсенал.