Јувентус синоќа славеше против Болоња во натпревар од 6. коло на италијансата Серија А со 2:0 и со тоа го направи најдобриот старт во клупската историја во последните 88 години.
За прв пат од 1930 година, „бјанконерите“ реализираа седум победи во првите седум натпревари. Јувентус почна со 6 триумфи во домашното првенство, но исто така победи и во премиерниот настап во групната фаза од Лигата на шампионите.
Во седумте одиграни средби, момците на Алегри постигнаа 15 гола и примија само 4.