Првите луѓе на Јувентус планираат да го ангажираат португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез, пренесува денеска – „Тутоспорт“.
Наводно, францускиот Лил е подготвен да се раздели со фудбалерот во текот на летото бидејќи неговиот договор истекува во 2023 година.
Покрај „старата дама“, за услугите на Санчез се заинтересирани и Милан и Арсенал.