Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, планира да го ангажира играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба, кој ја одработува претпоследната сезона во дресот на баварскиот клуб.
Австриецот има договор до 2021 година, но, нема никаква најава дека ќе му биде понудена нова соработка што само по себе остава простор дека ќе биде ставен на трансфер листата во текот на летово. Германските медиуми, тврдат, дека 27-годишниот фудбалер влегува на радарот на Реал Мадрид и Барселона, но, дека Јуве ги направил првите контакти со неговиот агент.
Згора на тоа и тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари, не крие дека му се допаѓа стилот на игра на црномурестиот фудбалер кој може да покрие повеќе позиции.