Италијанскиот фудбалски состав, Јувентус , нема намера да се откаже од услугите на Миралем Пјаниќ и затоа ќе му понуди нов договор до 2022 година со далеку повисока плата која ќе изнесува шест милиони евра по сезона .
Тоа ќе го направи фудбалерот на „старата дама“ да биде еден од најплатените играчи за врска во Серија „А“. Екипата од Торино исто така планира да ја продолжи соработката и со германскиот репрезентативец, Сами Кедира и тоа до 2021 година.
Искусниот играч исто така ќе добие значително подобар договор гледано од финансиски аспект.