Голманот, Викарио, потпиша договор за една сезона со екипата на Јувентус, потврди тимот од Торино на социјалните мрежи. Тој доаѓа на позајмица од англискиот состав Тотенхем.
„Старата дама“ објави дека договорот вклучува и опција за откуп за 8+2 милиони евра. 29-годишниот голман сега се враќа во татковината. Таму играше за Фонтанафреда, Венеција, Перуџа, Калјари и Емполи.
Викарио кој е репрезентативец на „аѕурите“, помина три сезони во Англија и одигра 117 натпревари.

