Доколку фудбалерот, Паоло Дибала, во текот на летото го напушти Јувентус, екипата од Торино ќе се обиде да го ангажира играчот на Рома, Николо Заниоло.
„Старата дама“ извесен период го следи 22-годишниот талент чиј договор со Волците од Рим истекува на 30 јуни во 2024 година.
Заниоло во сезонава одигра 24 натпревари во сите конкуренции. Тој постигна 3 гола и запиша 3 асистенции

