Голманот, Карло Пинсолио и крилниот напаѓач, Самуел Мбангула, ги обновија договорите со ЈУвентус.
34-годишниот чувар на мрежата ќе остане во Торино до 2026-та додека 20-годишниот голгетер потпиша за верност до 2028 година.
Пинолисо во моментов фигурира како трет голман и допрва ќе бара шанса за докажување. Мбангула се наоѓа меѓу стартерите и во досегашните четири сезонски натпревари има еден гол и три асистенции.

