Италијанскиот фудбалски шампион, Јувентус, е подготвен да се раздели со мапаѓачот Паоло Дибала за сума од 100 милиони евра, објавија во текот на денов медиумите на „Чизмата“.
Според наведеното, екипата од Торино сака веднаш да добие 80 милиони додека другиот дел од парите да и биде исплатен како бонуси. Ќе потсетиме дека за потписот на младиот фудбалер се заинтересирани: Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Баерн од Минхен. 25-годишниот играч се појави во дресот на Јуве на 128 натпревари на кои забележа 57 голови. Тој досега играл и во екипите на Институто и Палермо.
Бидејќи самиот фудбалер не крие дека сака да игра на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед на некој начин се гледа како фаворит за неговиот потпис.

