Фудбалерот на Милан, Тео Ернандес, кој во изминатото лето пристигна од Реал Мадрид за 20 милиони евра, успеа да се претвори во еден од најдобрите леви бекови во Европа.
Весникот „Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус е силно заинтересиран за Французинот и затоа подготвил понуда од 50 милиони евра. 22-годишниот дефанзивец до прекинот на Серија „А“ одигра 25 натпревари за Милан со ефект од 6 голови и 2 асистенции.
Денеска дел од медиумите на „Чизмата“ неочекувано најавија дека Ернадес може да се пресели во редовите на „старата дама“.