Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, планира да испрати понуда за фудбалерот на Тотенхем Кристијан Ериксен откако пропаднаа плановите да се врати во тимот Пол Погба бидејќи Манчестер Јунајтед бара 150 милиони евра за францискиот плеј-мејкер.
Данецот иако се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, најверојатно нема да се упати кон стадионот -„Сантијаго Бернабе“ бидејќи тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, се премисли и бара друга алтернатива да го засили средниот ред.
Лондонскиот клуб првично бараше преку 100 милиони фунти за Ериксен, но, сега цената е преполовена. Тоа може да го искористи „старата дама“ од Торино и да го купи луцидниот фудбалер.