Бразилскиот фудбалски талент, Кајо Хорхе, потпиша прелиминарен договор со италијанскиот гигант Јувентус, тврди денеска весникот – „Еспорте“.
Договорот ќе стапи на сила на 1 јануари во 2022 година а младиот напаѓач ќе и се приклучи на Старата дама со слободен трансфер.
Актуелниот договор на Кајо Хорхе со неговиот матичен клуб, Сантош, ќе истече годинава на 31 декември.