Бразилскиот медиум – „Глобо“ откри дека челниците на фудбалскиот состав Јувентус подготвиле одлична понуда за да го ангажираат Нејмар кој инсистира по секоја цена да си замине од редовите на ПСЖ.
Иако Бразилецот се поврзуваше со враќање во Барселона па дури и со трансфер во Реал Мадрид, сега италијанците можат да излезат во преден план доколку биде прифатена нивната понуда. Бразилскиот весник тврди дека Јуве ќе му го понуди на ПСЖ фудбалерот, Паоло Дибала и плус 100 милиони евра за да го добие потписот на Нејмар.
Ако се знае дека францускиот состав од претходно беше заинтересирани за ангажман на аргентинскиот напаѓач, лесно може да се случи Јувентус да успее во намерата да го ангажира Немар.