Арон Рамзи најверојатно кариерата ќе ја продолжи во италијаската Серија А. Последните новинарски извештаи велат дека два тима од италијанското првенство се први кандидати да го добијат фудбалерот на Арсенал.
Во моментов, 27-годишниот Велшанец отворил преговори со екипите на Јувентус и Милан.
До крајот на оваа сезона Рамзи го завршува договорот со Арсенал и најверојатно како слободен агент ќе го напушти тимот.