Италијанскиот шампион Јувентус може прилично сензационално да го врати Пол Погба од Манчестер Јунајтед во текот на летото. Информацијата е на торинскиот весник „Тутоспорт“, кој се повикува на свои извори.
Престојот на Погба во Јунајтед повторно е тема на дискусија цела сезона и голема е веројатноста по последниот конфликт со Мурињо тој сепак да инсистира пред управата да му дозволат да замине.
Tренерот на торинскиот тим, Масимилиано Алегри го има Погба како опција, но засега е фокусиран на купувањето на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.