Италијанскиот фудбалски состав Јувентус ќе се обиде уште во јануари да го привлече српскиот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ.
„Бјанконерите“ се подготвени да му понудат на клубот од Фиренца 50 милиони евра, тврди денеска весникот – „Газета дело спорт“. Според авторитетното италијанско издание, „виолетовите“ бараат сума од 70 милиони евра а самиот фудбалер не крие дека сака да замине во редовите на „старата дама“.
Во исто време се шпекулира дека за услугите на Влаховиќ се заинтересирани и елитните состави на Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид, Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити.

