Италијанскиот првак Јуветус е главан кандидат за потписот на францускиот напаѓач од екипата на Манчестер Ј., Ентони Марсијал. Според англискиот печат, Италијанците сериозно тргнале во преговори со фудбалерот.
Марсијал на неколку наврати истакна дека не е задоволен од своето место во тимот на Манчестер Ј. и дека ја разгледува опцијта за заминување од клубот. Интерес за Марсијал има и од неколку други клубови, особено од Франција каде за него интересенти се ПСЖ и Олимпик Лион.
Тотенхем, Рома и Атлетико (М) исто така се на листата на клубови кои го посакуваат во својот тим. Инаку, Марсијал го одби новиот договор со Манчестер Ј, поради слабата минутажа.