„Спорт Медијасет“ откри дека челниците на фудбалскиот состав Јувентус во последен миг ја одбиле понудата од 57 милиони евра испратена од Ливерпул за ангажман на дефанзивецот, Мерих Демирел.
Интересно е тоа што специјализираниот сајт – „Трансфермаркт“ го проценува Демирал на речиси двојно помала сума од 30 милиони.
„Старата дама“ го купи 22-годишниот турски дефанзивец во 2019 година од екипата на Сасуоло за 18 милиони. Тој до пред извесен период се опоравуваше од тешката повреда на лигаментите на коленото.

