Италијанскиот шампион Јувентус е блиску до потпишување нови договори со Миралем Пјаниќ и Алекс Сандро, тврди “Кориере дело Спорт”.
Според последните информации торинци ќе се стремат да ги подобрат условите на двајцата и истовремено да ги обврзат со нови договори за подолг временски период.
Со тоа ќе паднат во вода сите најави за нивно заминување од редовите на италијанскиот првак. ПСЖ, Барселона и Манчестер Јунајтед беа тимовите кои ова лето континуирано се интересираа за овие двајца фудбалери.