Манчестер Сити се приклучи на борбата за играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ. Според информацијата на весникот „Тутоспорт“, “граѓаните” имаат веќе доставено една понуда до „Старата Дама“ за услугите на Босанецот, но Италијанците истата ја одбиле. Се претпоставува дека понудата се движи во висина од 50 милиони евра.
Раководството на торинскиот клуб изрази подготвеност да разговара за продажба на Пјаниќ, но само доколку некој клуб ја плати бараната цена која се движи околу 65 милиони евра. Во исто време, клубот веќе најде замена за Пјаниќ во играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но и неговиот трансфер е неизвесен, со оглед на високата сума која за него ја бара претседателот на „римските орли“.