Одземањето на 10 бода од контото на Јувентус практично доведоа до пласман на Лацио во Лигата на шампионите. Откако Јувентус остана со 59 бода, паднаа на 7. место на табелата, а како резултат на оваа одлука, Лацио на Маурицио Сари стана втор со 68 бода.
Само два тима имаат можност да ги престигнат на табелата: Интер (66 бодови) и Милан (64). Тоа практично нема да смени ништо за Лацио, кој влегува во ТОП 4 и уште од сега ќе може да размислува за настапот во најсилното европско клупско натпреварување.

