Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, има одредени проблеми во ростерот пред неделното дерби на теренот на Интер во новото коло во Серија „А“.
Адриен Рабиот не успеа да ја надмине повредата и нема да игра на стадионот – „Џузепе Меаца. Матијас Де Шиљо е надвор од погон бидејќи се опоравува од повреда на вкрстени лигаменти додека Вестон Мекени мораше да го прескокне последниот тренинг поради повреда добиена на дуелот со Емполи.
За разлика од нив, напаѓачот , Федерико Киеза, конечно им се врати на тренинзите и ќе може да игра на гостувањето кај „нероаѕурите“.