Јувентус ќе направи напор да го обезбеди Томас Парти од Арсенал за околу 18 до 20 милиони евра доколку Адриен Рабиот си замине во текот на летово.
Фудбалерот од средниот ред на „старата дама“ има договорот до крајот на месецов но, според најавите нема намера да го продолжи.
Медиумите наведуваат дека за францускиот интернационалец се заинтересирани неколку екипи од Англија и Германија.