Италијанските медиуми наведуваат дека луѓето од Јувентус размислуваат да се разделат со тренерот, Тиаго Мота, бидејќи „старата дама“ има разочарувачка сезона.
Откако се појави веста дека Игор Тудор може да седне на кормилото на екипата од Торино, денеска се шпекулира за уште две имиња. Италијанците тврдат дека Јуве сака да го врати Антонио Конте а размислува и за актуелниот тренер на Аталанта, Гасперини.
Проценките се дека Јуве ќе почека да заврши сезоната а потоа ќе бара нов стратег.

