Италијанскиот шампион Јувентус е многу близу до потписот на играчот од средниот ред, Ориол Бускетс, објави денеска – „Мундо Депортиво“.
19-годишниот играч на младинскиот тим на Барселона има договор со „бјанконерите“ кои имаат намера да го ангажираат во текот на летото како слободен играч. Ориол кој се наметнува како голема преспектива на шпанскиот фудбал, имаше посеризона повреда која го спречи да се избори за место во првиот тим на Барселона.
Според наведеното, за младиот фудбалер се заинтересирани уште неколку европски гиганти.