Челниците на фудбалскиот состав Јувентус продолжуваа да работат на летната селекција. Тука во преден план се наметнува името на младиот Николо Заниоло од Рома.
„Бјанконерите“ се надеваат дека ќе ги искористат финансиските проблеми на „римјаните“ и дека ќе го купат играчот по поволни услови. Тие планираат да понудат 50 милиони евра плус бонуси за 21-годишниот талент.
Италијанскиот состав исто така, ќе се обиде да привлече и лев бек. Станува збор за играчот на Аталанта, Робин Госенс. 26-годишниот Германец се проценува на 20 милиони евра.