Италијанскиот весник – „Газета дело спорт“, објави, дека екипата на Јувентус во текот на летово ќе испрати понуда за фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жезус.
Бразилецот кој не е стартер во тимот на Гвардиола останува примарна трансферна цел на екипата од Торино.
Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, има желба да го засили нападот а негов избор е брзоногиот фудбалер кој не успеа да се наметне во редовите на „граѓаните“.